Облачно со слаб дожд, температура до 6 степени

На скопското подрачје денеска во претпладневните часови ќе преовладува облачно време со повремен слаб дожд, а на околните планини ќе има слаб снег. Ќе дува умерен до засилен северен ветер. Во текот на денот облачноста ќе се намалува. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 6 степени.

Облачно време со повремен слаб дожд во утринските часови ќе преовладува денеска и во останатите делови од Македонија. На некои повисоки места и на планините се очекува слаб снег, а можна е и изолирана појава на замрзнат дожд. Ќе дува умерен, а долж Повардарието засилен северен ветер. Во текот на денот облачноста ќе се намалува. Минималната температура ќе се движи во интервал од -1 до 5, а максималната од 4 до 10 степени.

За вторник синоптичарите најавуваат претежно сончево време со утринска магла по одделни котлини и со ниски утрински температури, а веќе од среда повторно ќе преовладува умерено до значително облачно време со повремени врнежи од дожд со променлив интензитет. Ќе дува умерен ветер од југоисточен правец.

Претходна вестКонцерт на Гацева и Џорлева вечерва во фоајето на МОБ
Следна вестВМРО-ДПМНЕ: Да не дозволиме Заев да ја менува историјата, продолжуваме со протести