ВМРО-ДПМНЕ: Да не дозволиме Заев да ја менува историјата, продолжуваме со протести

Протести на граѓаните во организација на опозициската ВМРО-ДПМНЕ вечерва со почеток во 18 часот ќе бидат организирани во 11 градови во внатрешноста на Македонија. Протестите кои се одржуваат под слоганот „Сега, за да не биде предоцна – Оставка на Заев, слобода на народот“! се случуваат по скандалозното интервју на премиерот Зоран Заев за бугарската агенција „Бгенес“.

-Продолжуваме, заедно со народот против продажбата на татковината. Народот се буди и нема назад. Срамот на Зоран Заев не е заеднички. Да не дозволиме Зоран Заев да ја менува историјата, туку да пратиме порака тој да замине во историјата. Време е граѓаните на Крива Паланка, Кратово, Свети Николе, Неготино, Струмица, Гевгелија, Струга, Крушево, Кичево, Македонски Брод и Гостивар да се обединат против злото наречено Зоран Заев, порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Претходна вестОблачно со слаб дожд, температура до 6 степени
Следна вестСекој трет активен случај на вирусот во Скопје е од Гази Баба и Аеродром