Секој трет активен случај на вирусот во Скопје е од Гази Баба и Аеродром

Од скопските општини Гази Баба и Аеродром е речиси секој трет случај на инфициран граѓанин со корона вирусот во Скопје, покажуваат вчерашните податоци на Министерството за здравство. На скопското подрачје сега има 10.150 активни случаи, а во Гази Баба – 1.520 и во Аеродром – 1.451.

Нешто помалку случаи вчера имаше во Кисела Вода – 1.250,  Карпош – 1.191 и Центар – 1.103. Во Ѓорче Петров има 878 инфицирани, во Чаир 634, Бутел 603, Шуто Оризари 200 и во Сарај 171 случај.

На поширокото скопско подрачје состојбата е следна: Студеничани – 54, Арачиново -33, Илинден – 270, Сопиште – 59, Чучер Сандево – 104, Петровец –140, Зелениково -83, Странец – 214 и Нераспределен- 182.

Претходна вестВМРО-ДПМНЕ: Да не дозволиме Заев да ја менува историјата, продолжуваме со протести
Следна вестЕдвај го поправија топловодот на бул. „Борис Трајковски“, сега со месеци асфалтот ќе се чека…