Облачно со сончеви периоди и слаб ветер

Во Скопје и околината денеска ќе биде облачно со сончеви периоди и слаб северен ветер. Минималната температура се спушти до минус 1, а максималната ќе достигне до 10 Целзиусови степени.

Во останти подрачја од Mакедонија ќе биде претежно сончево, а долж Повардарието со слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура се движи во интервалот од минус 3 до 5, а максималната ќе достигне од 9 до 14 Целзиусови степени.

Следува период на стабилно и суво време. По котлините ќе има појава на утринска магла и ниска облачност, особено во среда кога по одделни котлини ќе се задржат и во текот на денот.

Претходна вестСтартува конкурсот за меѓународниот фестивал за краток филм „Филмај“
Следна вестСтатистиката ја потсетува Владата: Лани во сиромашија живееле 448.000 граѓани на Македонија