Облачно со врнежи од дожд, температура до 7 степени

На скопското подрачје денеска времето ќе биде облачно со врнежи од дожд. Дневната температура ќе достигне до 7 степени.

На подрачјето на целата земја времето ќе биде облачно со врнежи од дожд, кои на места ќе бидат пообилни и поројни, проследени со ретки грмежи. Ќе дува умерен, а во повисоките места повремено засилен ветер, претежно од југозападен правец, информира Управата за хидрометеоролошки работи. Дневната температура ќе се движи од 4 до 14 степени.

Претходна вестАудио-визуелно патување „Како што е“, онлајн, на 15 јануари
Следна вестПредупредувања ЦУК и УХМР: Да се избегнува движење покрај надојдени реки и потоци, можни излевања на Треска, Пчиња, Црна река…