Облачно со врнежи од дожд

Времето денеска ќе биде променливо облачно и посвежо со повремени локални врнежи од дожд.

На средината на денот со услови за изолирана појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен североиисточен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 10, а максималната ќе достигне од 10 до 18 степени, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Во Скопје, променливо облачно со повремен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 9, а максималната ќе достигне до 16 степени.

Од среда дневната температура ќе биде во пораст, а во попладневните часови ќе има услови за локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер

Претходна вестЗагина жена во пожар кој го зафатил нејзиниот дом во Битола
Следна вестНаучен симпозиум 150 години од раѓањето на Гоце Делчев