Загина жена во пожар кој го зафатил нејзиниот дом во Битола

Загина повозрасна жена во пожар во Битола. Имено, 82-годишна жена (П.Н.) почина при запалување на нејзиниот дом.

Од МВР информираа дека пожарот се случил во нејзиниот дом на  улицата „Солунска“, при што била опожарена една соба. Од екипа на Територијалната противпожарна единица Битола пожарот бил изгаснат, а во собата била пронајдена почината П.Н..

Смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош, а увид на местото извршиле екипа од СВР Битола и Јавен обвинител.

Претходна вестУбаво: Членови на „Левица“ тргнаа пеш од Гевгелија и Битола до гробот на Гоце Делчев
Следна вестОблачно со врнежи од дожд