Убаво: Членови на „Левица“ тргнаа пеш од Гевгелија и Битола до гробот на Гоце Делчев

Две групи на членови на „Левица“ денеска тргнале пеш од Гевгелија, односно Битола, кон Скопје со цел на 4 Мај да пристигнат на гробот на македонскиот великан – Гоце Делчев.

-Едната група, составена од членови на Левица од Велес и Гевгелија, тргна од Гевгелија, а другата група тргна од Битола. Целта им е да се спојат во Велес и од таму да се упатат кон вечното почивалиште на Делчев. Можно е по пат да им се придружат и други другари, посочуваат од „Левица“.

За потсетување, лани членот на ЦК на „Левица“, Саше Јанчев, помина 154 километри, за да се поклони пред вечното почивалиште на големиот македонски револуционер.

Од партијата се надеваат дека оваа иницијатива ќе прерасне во традиција.

Претходна вестХрватска и Србија ги укинуваат ковид мерките за влез на нивната територија
Следна вестЗагина жена во пожар кој го зафатил нејзиниот дом во Битола