Хрватска и Србија ги укинуваат ковид мерките за влез на нивната територија

Престануваат да важат сите мерки и ограничувања за влез во Србија, воведени поради сосојбата со Ковид-19. Ова почнува од утре, 3 мај 2022 година и ќе важи како за странските, така и за домашните државјани.

Од полноќ, српските државјани, но и странските државјани нема да имаат потреба од негативен ПЦР тест, брз антиген тест, доказ за минато боледување или потврда за вакцинација, без разлика од која земја доаѓаат.

Инаку, и патниците од трети земји отсега ќе можат да патуваат во Хрватска без ковид сертификати или негативен тест.

Со тоа, како што потврдија од хрватското МВР повеќе не важат ограничувањата на границите што беа донесени за време на пандемијата на корона вирус.

Претходна вестПриведени 10 лица во скопски кафулиња – имале наркотици
Следна вестУбаво: Членови на „Левица“ тргнаа пеш од Гевгелија и Битола до гробот на Гоце Делчев