Приведени 10 лица во скопски кафулиња – имале наркотици

Синоќа при контроли во скопски угостителски објекти полицијата приведе десет лица кај кои што била пронајдена дрога.

-Извршени се контроли во угостителски објекти на подрачјето на Скопје, при што лишени од слобода се десет лица. Тие се сомничат за неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори. Имено, кај З.Д.(39) од Битола, В.К.(33) од Струга, И.Т.(21) и М.Б.(19) од Куманово, Б.Е.(37), Е.Б.(24) и М.Х.(25) од Косово, В.Ц.(50), Г.Ц.(47) и Л.М.(18) од Скопје била пронајдена марихуана, соопштуваат од полицијата.

Лицата се приведени во полициска станица и по целосно документирање на случаите против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок, велат од МВР.

Претходна вестВозачи празнувале, полицајци 5 часа казнувале…
Следна вестХрватска и Србија ги укинуваат ковид мерките за влез на нивната територија