Возачи празнувале, полицајци 5 часа казнувале…

Празнувањето вчера за многу возачи во Македонија поминало со алкохол. Тоа е опасно за нив и останатите учесници во сообраќајот знаат и тие, ама…

Полицијата не празнувала. Во периодот од 17 до 22 часот спроведена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила под дејство на алкохол.

При контролата биле откриени и санкционирани 142 возачи под дејство на алкохол кои веднаш се исклучени од сообраќај и им се изготвени законски предвидените поднесоци. За време на контролата биле санкционирани и 153 останати прекршоци.

Колкумина пијани возачи полицијата не успеала да постигне да ги казни останува непознато. Но, од МВР најавуваат дека контролите ќе продолжат и во наредните денови.

Претходна вестЕУ сака да го забрани увозот на руска нафта, но Унгарија се противи
Следна вестПриведени 10 лица во скопски кафулиња – имале наркотици