ЕУ сака да го забрани увозот на руска нафта, но Унгарија се противи

Унгарија продолжува да се спротивставува на идејата  -ЕУ да го забрани увозот на руски гас и нафта. Ова го изјави портпаролот на унгарската влада Золтан Ковач.

-Позицијата на Унгарија за какво било ембарго за увоз на гас и нафта не е променета. Ние не ја поддржуваме идејата, изјави Ковач за Ројтерс.

Европската Унија треба да објави забрана за увоз на руска нафта како дел од новиот пакет санкции, за кој се разговара оваа недела.

Неколку дипломати рекоа дека забраната за увоз на нафта стана остварлива опција по пресвртот на Германија, која претходно изјави дека таквата мерка ќе и’ нанесе премногу штета на германската економија. Сепак, одлуката за забрана за увоз на руска нафта на ниво на ЕУ не може да се донесе без согласност на сите земји-членки на ЕУ.

Претходна вестВМРО-ДПМНЕ: Видовме како Ковачевски се радувал на Скопје 2014, а сега го тераат да зборува против
Следна вестВозачи празнувале, полицајци 5 часа казнувале…