По кавга меѓу две деца во Охрид, се истепаа мајките

Пресметка меѓу две жени се случила вчера во Охрид, информира полицијата.
МВР соопшти дека на 01.05.2024 во 14.50 часот во СВР Охрид е пријавено дека на улицата „Ванчо Питошески“ во Охрид, поради меѓусебно недоразбирање помеѓу две малолетни лица, нивните родители П.В.(36) и М.Т.(35), двете од Охрид, го нарушиле јавниот ред и мир со меѓусебна физичка пресметка.

-По целосно документирање на настанот, ќе биде поднесена соодветна пријава, се наведува во соопштението.

Претходна вестНиколоски: Соработка со Ахмети нема да има во ниту една форма, ДУИ ќе оди во опозиција
Следна вестПуштен во употреба новиот парк на булеварот „Февруарски поход“ во Аеродром