Николоски: Соработка со Ахмети нема да има во ниту една форма, ДУИ ќе оди во опозиција

Соработка со Али Ахмети во било која варијанта, форма и начин нема да има, порача потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски во гостување на радио Лидер.

– Со Али Ахмети е исклучена секаква соработка во било која варијанта, во било која форма, на било кој начин нема да има соработка со Али Ахмети. Ние сме многу сериозни дека ДУИ ќе оди во опозиција, јас сум свесен дека до првиот круг најголем дел од политичката елита и дел од граѓаните во Македонија мислеа дека блефираме и дека го правиме тоа за политички поени. Свесен сум дека во овој момент има граѓани кои сè уште мислат дека ова го правиме како политичка игра, но ние ова ќе го реализираме и нашата поддршка после изборите ќе расте затоа што ќе видат дека го држиме зборот како што го одржавме дека нема да има измени на Уставот под бугарски диктат и немаше, истакна Николоски.

Тој истакна дека ВМРО-ДПМНЕ очекува на парламентарните избори да е над 400.000 гласа и додаде дека Силјановска Давкова ќе оди над 450.000 гласа.

Претходна вестОсмани: Не може да има Влада без двојно мнозинство, без ДУИ нема Бадентер
Следна вестПо кавга меѓу две деца во Охрид, се истепаа мајките