Облачно време со повремени врнежи од дожд

Времето денес ќе биде петежно облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 7 до 12 степени.

Во Скопје облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од југоисточен правец, особено попладне.

Максималната температура ќе достигне до 10 степени.

Претходна вестАвстралија ги намачи, но Аргентинците закажаа дуел со Холандија
Следна вестМожат ли македонските функционери да бидат достоинствени пред странци?