Облачно време со врнежи од дожд и температура до 11 степени

Времето ќе биде облачно и студено со повремени врнежи од дожд, кои ќе бидат пообилни во југоисточните делови, а во останатите делови ќе бидат со послаб интензитет, информира УХМР.

Поради затоплување на висина, на планините врнежите повторно ќе преминуваат во дожд. Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 7, а максималната ќе достигне од 5 до 11 степени.

Во Скопје облачно и студено со врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне 8 степени.

Од утре ќе настапи стабилизација на времето со пораст на дневната температура. За време на викендот ќе биде пооблачно и ветровито, а од понеделник ќе има повеќе сончеви периоди.

Претходна вестКонцерт на „КонТемпора“ вечерва во Музејот на македонска борба
Следна вестПоследен ден од предизборната кампања