Облаци повремено ќе го кријат сонцето

Времето во Скопје денеска ќе биде сончево со умерена облачност и со слаб до умерен претежно североисточен ветер. Минималната температура се спушти до 15, а максималната ќе достигне 31 степен.

На југозападот на земјата ќе има услови за појава на краткотраен дожд. Минималната температура се движи во интервалот од 9 до 19 Целзиусови степени, а максималната денвна ќе достигне од 26 до 33 степени.

Од утре повремено ќе се зголемува облачноста и благо ќе се намалува дневната температура.

Претходна вестЗа прв пат вечерва „drive-in” концерт со биг бендот на Здружението на џез музичари
Следна вестАеродром никако да се оддалечи од 100 активно болни од корона вирусот