Аеродром никако да се оддалечи од 100 активно болни од корона вирусот

Скопската општина Аеродром веќе неколку дена е со најголем број на активно болни лица од корона вирусот во Скопје. Вчерашниот извештај на Институтот за јавно здравје покажа дека во оваа општина има 97 пациенти кои се заболени. Со ова, таа е во врвот во споредба со останати скопски општини.

Зад Аеродром се општините Гази Баба и Центар со 76 и 75 заболени, а потоа следат Карпош со 78, Кисела Вода со 55, Чаир со 52, Бутел 35, Ѓорче Петров – 27, Сарај со 17 и Шуто Оризари со 12 заболени.

Во околните општини во Студеничани има 10 заболени, Арачиново – 8, Илинден – 12, Сопиште – 3, Чучер Сандево – 2, Петровец – 4 и Зелениково – 1.

Од почетокот на пандемијата во Скопје се заболени вкупно 6.309 лица, а активно болни се 564 случаи.

Претходна вестОблаци повремено ќе го кријат сонцето
Следна вестКазнети 525 лица, не носеле заштитни маски