Обвинителството на Русковска почна да ја чешла документацијата за набавката на модуларната болница во Тетово

Бирото за јавни набавки и Министерството за труд и социјална политика доставиле документација за модуларната болница во Тетово до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција.

Шефицата на ова Обвинителство, Вилма Русковска рече дека утринава почнало разгледување на документацијата, а наделжоста е само во делот на јавната набавка и само тоа ќе се проверува односно дали се испочитувани процедурите, имајќи предвид дека оваа набавка одела и според посебен Закон што го има донесено Владата.

Во врска техничкиот прием на болницата, Русковска рече дека немаат информрации кој го вршел, но кажа дека ќе се проверува дали техничката спецификација од јавната набавка била одобрена од Светска банка.

Обвинителството, освен од овие две иинституции, изминатиот перио побара документација и од фирмата која ја градела, од ЕВН, но и елаборат од раководството на болницата што ќе се споредува со изјавите на лицата кои први дошле во време на пожарот.

 

Претходна вестФилипче за модуларните болници: Тие не спасија од италијанското сценарио
Следна вестВеќе нема да биде доволна една доза вакцина – за сертификат ќе мора две