Од 1. jуни летови од Скопје до грчкиот остров Крф

Грчката авиокомпанија Aegean Airlines ова лето ќе започне со нова сезонска авионска линија од Скопје до островот Крф, објави Ex-Yu Aviation.

Летовите ќе почнат од 1 јуни и ќе се одвиваат до 28 септември. Авиобилетите за летот Скопје – Крф се достапни преку веб страната на авиокомпанијата. Сега повратен билет  има почетна цена од  220 евра.

Ова е трета дестинација која оваа авиокомпанија ја воведува од Скопје, откако претходно воведе летови меѓу Скопје и Атина и Скопје – Сараево.

Претходна вестГевгелиското обвинителство бара притвор за српски државјанин, бил насилен и прободел со нож сопственик на локал
Следна вестОдложено судењето против Максим Димитриевски