На територија на град Скопје изречени се вкупно 160 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 13 санкции, соопшти денеска МВР за вчерашните контроли на скопските сообраќајници. Ова е значително помал број на казнети возачи од вообичаениот просек. Тоа го отвора прашањето дали скопските возачи стануваат подисциплинирани или, пак, полицијата вчера имала помали контроли?
Имало и 14 мерки за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл и 16 санкции за возење без возачка дозвола.
-Изречени се 17 мерки за користење мобилен телефон, 11 санкции за некористење сигурносен појас, осум санкции технички неисправни и нерегистрирани возила…, соопшти полицијата.
Засилените акциски контроли продолжуваат.