Од безбедносни причини откажан пријателски меч меѓу бугарски и македонски клуб

Македонскиот прволигаш ФК Скопје денес требаше да замине во Бугарија и да одигра пријателски натпревар со Пирин. Меѓутоа, мечот е откажан од безбедносни причини, објави Макфакс.

Локалната полиција добила информација за можни навивачки нереди поради гостување на тим од Македонија и препорачала сепак натпреварот да не биде одигран.

Сложената политичка ситуација меѓу Бугарија и Македонија очигледно полека го зафаќа и спортот.

Претходна вестНенад Димитријевиќ ќе биде дел од олстар-натпреварот во ВТБ лигата
Следна вестВозеле и со 50 километри над дозволеното, казни за 108 возачи