Возеле и со 50 километри над дозволеното, казни за 108 возачи

Пребрзото возење и вчера беше чест прекршок на македонските сообраќајници. И покрај фактот дека полициските контроли се постојани, дел од возачите никако да прифатат да ги почитуваат ограничувањата на брзината. За жал, пречекорувањата се чести  дури и на подрачјата на населените места кадешто има уште поголем ризик од некоја сообраќајна незгода.

-Во вчерашната акциска контрола на територијата на државата за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, санкционирани се 108 возачи. Од нив четири возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа 56 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 52 надвор од населено место, соопшти МВР.

На скопското подрачје, пак, вчера биле казнети 90 возачи.

-Меѓу нив за возење повеќе од дозволената брзина три санкции, пет мерки за возење без возачка дозвола, пет санкции за користење мобилен телефон, три мерки за нерегистрирани возила…, се наведува во информацијата.

 

Претходна вестОд безбедносни причини откажан пријателски меч меѓу бугарски и македонски клуб
Следна вестСДСМ: Мицкоски е неуспешен ученик на Груевски и заложник на Апасиев