СДСМ: Мицкоски е неуспешен ученик на Груевски и заложник на Апасиев

Според политичката партија СДСМ, Христијан Мицкоски е неуспешен ученик на Груевски и заложник на деструктивноста на Димитар Апасиев.

– Христијан Мицкоски исплашен за својата фотелја, продолжува да пласира едни исти лаги во кои веќе не верува ни членството на неговата партија. Дејствувајќи против интересите на граѓаните и државата, мешајќи се во работата на градоначалниците, Мицкоски се докажа како лош и неуспешен ученик на неговиот ментор Никола Груевски.

Се што Мицкоски има зад себе се лажни вести и дезинформации и отсуство на став за најважните државни прашања. Токму поради тоа, во последно време стана заложник на деструктивноста на Димитар Апасиев и затоа Мицкоски често пати е поекстремен и порадикален во своите настапи, а се со цел да не заостане зад Аласиев, се вели во партиското соопштение на СДСМ.

 

Претходна вестВозеле и со 50 километри над дозволеното, казни за 108 возачи
Следна вестЌе треба ли Ковачевски да измисли уште 3-4 нови министерства за да има и за новиот партнер во Владата?