Од четврток попладне во прекин системите е-ПДД, е-Даночни услуги и МојДДВ

Управата за јавни приходи соопшти дека од четврток попладне нема да бидат во функција системите е-ПДД и е-Даночни услуги, а можни се прекини и во работењето на апликацијата „МојДДВ“.

Прекините, како што информира УЈП, се поради надградба на овие системи.

– Поради извршување на овие активности, почнувајќи од 29.08.2024 година (четврток) од 16:30 часот, системите е-ПДД и е-Даночни услуги нема да бидат во функција. Во овој период, можни се и прекини во работењето на апликацијата МојДДВ. По завршувањето на активностите, УЈП навремено ќе информира, се вели во информацијата од УЈП.

Апелираат до сите корисници на овие системи да ги завршат своите итни и неодложни обврски поради најавениот прекин.

Претходна вестБугарија изгласа уште една преодна влада со Главчев како премиер
Следна вестДеветнаесет пливачи се пријавени за Охридскиот маратон, меѓу нив тројца македонски маратонци