Од четврток угостителските објекти ќе работат до 21 часот, следната недела можно е и до 23 часот

За три часа повеќе од четврток ќе биде продолжено работното време на угостителските објекти со што тие ќе се затвораат во 21 часот. Ваква одлука донела Владата на денешната седница откако се разгледани епидемиолошките насоки.

-Со оваа одлука завршува и вонредното ограничување на работното време во угостителските објекти на бензиските пумпи, како и за гостите сместени во хотелите, мотелите, хостелите и останатите сместувачки капацитети, при што истите ќе можат да работат со редовното работно време утврдено со законот за работа на овие угостителски капацитети, објави денеска премиерот Зоран Заев.

Министерот за здравство Венко Филипче на својот профил на социјалната мрежа Фејсбук објави дека следната недела, откако ќе се анализира епидемиолошката состојба во земјата, можно е да се дозволи угостителските објекти да работат до 23 часот.

Претходниот месец, во периодот од 18 декември до 21 јануари беа усвоени нови рестриктивни мерки, меѓу кои и угостителиските објекти да се затвораат во 18 часот, со цел да се избегне ширење на корона вирусот и зголемување на бројот новозаразени случаи во престојниот период на празници.

Претходна вестСојузот на средношколци: Или промени во полагањето на матурата или бојкот на наставата
Следна вестОпштината даде можност, но ќе се спасат ли центарци од крнтиите?