Сојузот на средношколци: Или промени во полагањето на матурата или бојкот на наставата

Бојкот на наставата на почетокот на второто полугодие на учебната година најави Сојузот на средношколците доколку не им се прифатат барањата за начинот на полагањето на матурата.

-Министерството за образование и наука (МОН) да го намали бројот на предмети кои учениците треба да ги полагаат, од четири предмети, тие предлагаат учениците да полагаат два предмети, односно, првиот предмет да биде задолжителен мајчин јазик, македонски, албански, турски, додека вториот предмет да биде по избор на ученикот. Дополнително, тука ја вбројуваат и проектната задача, се баведува во соопштението на Сојузот..

Се бара МОН и Државниот испитен центар (ДИЦ) во март да објават и презентираат план и програма, за тоа како ќе изгледаат скратените наставни програми и другите материјали за испити.

-При составувањето на нашите барања за измена и поедноставување на содржината на државната матура, земавме пример од образовните власти во Франција (кои бројот на испити го намалија дури на еден – по избор на ученикот. Сепак, поради важноста на Уставот и мајчините јазици, сметаме дека и мајчиниот јазик треба да остане задолжителен испит), стои во соопштението на Сојузот.

Ваквите барања биле изнесени и на сребата која претставниците на Сојузот ја имале на 9 декември со министерката Мила Царовска. Подоцна се видело дека МОН и ДИЦ не биле подготвени да соработуваат за нивните барања да бидат прифатени и успешно да се спроведат.

Средношколци низ повеќе градови во земјава во декември минатата година протестираа за укинување на матурата. Тие бараа да остане само проектната задача, како и да им се овозможи полагање матурата на оние средношколци кои сакаат да се запишат на факултети надвор од државата. Од МОН пак, останаа децидни дека матурата мора да се спроведе.

Сојузот побара и повторно отворање на средните училишта за комбинирана настава, посочувајќи дека наставата од далечина оставила штетни последици врз менталното здравје на учениците, нивната потреба и врз квалитетот на наставниот процес

Претходна вестШеесетгодишник крадел во маркет во Марино
Следна вестОд четврток угостителските објекти ќе работат до 21 часот, следната недела можно е и до 23 часот