Лице од село Миладиновци вчера било фатело при кражба во маркетот во скопското село Марино, соопшти полицијата.
-На 18.01.2021 во 13.20 часот во маркет во село Марино, скопско, полициски службеници го лишиле од слобода З.П.(60) од село Миладиновци, скопско, затоа што бил затекнат при извршување кражба во маркетот, се наведува во информацијата.
Кај него биле пронајдени украдените предмети и биле вратени на сопственикот.
-Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информира МВР.