Сообраќајка во Ѓорче Петров: Со „мерцедес“ удрила во четири паркирани возила

Со тешки телесни повреди се здобила скопјанка која со „мерцедес“ удрила во четири паркирани возила во сообраќајна несреќа што се случила вчера вечер во скопската општина Ѓорче Петров

-На 18.01.2021 во 20.10 часот во МВР Скопје било пријавено дека на ул.„Ѓурчин Кокале“, во Скопје, патничко возило „мерцедес“, со скопски регистарски ознаки, управувано од М.С.(35) од Скопје, удрило во неколку паркирани патнички возила. Таа удрила во „фиат пунто“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на К.Ј.(33), „бмв“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на В.Н.(28), „шевролет авео“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на Л.И.(63) и „опел астра“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на И.И.(32), сите од Скопје, соопшти МВР.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила М.С., констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје. Увид на местото извршила екипа од МВР Скопје.

Претходна вестИ во второто полугодие ќе се учи по комбиниран модел на наставата
Следна вестШеесетгодишник крадел во маркет во Марино