И во второто полугодие ќе се учи по комбиниран модел на наставата

Второто полугодие од учебната година ќе продолжи да се спроведува со комбинираниот модел на наставата, изјави вчера министерката за образование Мила Царовска. Во гостувањето на телевизијата Клан таа рече дека она што е позитивно не треба да се менува.

-Во првото полугодие најголем предизвик беше како наставниците ќе се снајдат со онлајн наставата. Но овој предизвик е надминат и второто полугодие го продолжуваме по веќе воспоставениот хибриден модел: онлајн, со физичко присуство и со следење на часови преку телевизија, рече министерката Царовска.

Таа објасни дека над 90 отсто ученици успешно ја следеле онлајн настава, а дека имало помалку од 1 процент на активни случаи  со Ковид-19 на наставници и ученици од оние кое беа со физичко присуство. Второто полугодие започнува на 21 јануари, во четврток.

Претходна вестВучиќ: Помошта со 8.000 вакцини е братски и пријателски потег
Следна вестСообраќајка во Ѓорче Петров: Со „мерцедес“ удрила во четири паркирани возила