Вучиќ: Помошта со 8.000 вакцини е братски и пријателски потег

Не вреди за Србите да бидат здрави, ако луѓето во околината имаат милион проблеми. Ова денеска го истакна претседателот на Србија Александар Вучиќ коментирајќи ја помоштта што во вакцини ќе ја даде на Македонија.

Тој говорејќи за 8.000 вакцини на „Фајзер“ што од Србија треба да пристигнат во Maкедонија, нагласи дека станува збор за братски и пријателски потег што ја покажува одговорноста на Србија, која знае дека не живее изолирана, туку се грижи и за соседите.

-Што би ни вредело на сите да бидеме здрави ако луѓето во соседството имаат безброј проблеми? Можеме да бидеме среќни и задоволни, ако нашите соседи се задоволни, рекол Вучиќ, пренесуваат тамошните медиуми.

Претседателот додал дека е сигурен оти и кинеските и руските вакцини ќе бидат популарни во Македонија, а „Фајзер“ и „АстраЗенека“ во Албанија, поради различен политички однос, но исто така посочи дека Србија нема проблем да и помогне на Албанија и на кого има потреба.

-Ако утре некој не праша од РС, БиХ, како можеме да одбиеме? Нормално е да се помогне, истакнал Вучиќ.

Претходна вестМакедонскиот репрезентативец Бобан Николов е нов член на Лече
Следна вестИ во второто полугодие ќе се учи по комбиниран модел на наставата