Влада: Ќе се донесе ДУП за цело охридско крајбрежје

Во текот на оваа година Министерството за транспорт и врски ќе донесе ДУП од државно значење за целото крајбрежје на Охридското Езеро со што се очекува да се решат проблемите со сите видови урбана узурпација на крајбрежјето и водите на езерото. Ваква одлука донела Владата на денешната седница на која биле разгледувани прашањата и проблемите вразни за извештајот на УНЕСКО во кој се препорачува Охридскиот регион да биде вклучен во списокот на загрозени светски вредности.

-ДУП за цело крајбрежие ќе се донесе во контекст на новите генерални урбанистички планови за градовите Охрид и Струга, за да се примени Конвенцијата за заштита на светското културно и природно наследство на УНЕСКО и да се спречат активности кои негативно влијаат врз исклучителната универзална вредност на природното и културното наследство во Охридскиот регион, соопшти Владата.

Во соопштението се наведува дека неопходност од преземање итни мерки и активности, како и највисока подготвеност на сите чинители вклучени во процесот за да се отстранат опасностите по Охридското езеро и неговото природно и културно наследство, согласно насоките на УНЕСКО, е од врвен приоритет и на новиот состав на Националната комисија за УНЕСКО на Република Северна Македонија. Извештајот за напредокот за 2020 година  нашата држава треба да го достави до Центарот за светско наследство на УНЕСКО до 1 февруари оваа година.

-Во овој извештај ќе влезат сите значајни активности и мерки коишто нашата држава ги реализираше во насока на зачувување на статусот на светското природно и културно наследство на Охридскиот регион, се наведува во инфорамцијата.

Како една од активностите е наведена и изработка на посебен регистар на нелегални градби за подрачјето на општината Охрид како база на податоци во која се внесени се вкупно 1.076 досиеја за нелегални градби во периодот од 2006 година до мај 2019 година.

Претходна вестОпштината даде можност, но ќе се спасат ли центарци од крнтиите?
Следна вестПочинале 11 пациенти од вирусот, новозаразени се 400 лица