Почувствуван земјотрес во југозападните делови од Македонија, епицентарот е во Албанија

Земјотрес со јачина од три до четири степени според Европската макросеизмичка скала во 03:29 часот е почувствуван во југозападните делови од земјава, соопшти Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.

Епицентарот на земјотресот е на 145 километри југозападно од Скопје, во соседна Албанија, со локална магнитуда од четири степени според Рихтеровата скала.

Претходна вестИ Сенатот на УКИМ со опомена до Царовска: Избрзаните и необмислени решенија може да предизвикаат сериозна штета
Следна вестИ здружението на информатичари реагира со негодување на образовната реформа