По бојкотот од Сојузот на средношколци, најава за протест и од Независниот синдикат

Независниот синдикат за образование и наука (НСОН) најавува протести поради недостаток на конструктивен и транспарентен дијалог со МОН за нивните барања.

Одлуката за почнување на подготовки за протести е донесена на состанокот одржан викендов.

-Вклучување на просветните работници во креирање на реформите во образование преку Наставничките совети во секое училиште, исплата на двојно зголемениот работен учинок на наставниците од прво до трето одделение, исплата на плата во законски предвидениот рок и во висина согласно колективниот договор, исплата на додаток на плата или обезбедување на организиран превоз за вработените во руралните средини и зачувување на работните места на сите вработени во секторот образование, се барањата од Независниот синдикат за образование, кои се објавени и на нивната фејсбук-страница.

Вчера бојкот на наставата на почетокот на второто полугодие од учебната година најави Сојузот на средношколците, доколку не им се прифатат барањата за начинот на полагањето на матурата.

Второто полугодие стартува утре, и според министерката за образование Мила Царовска тоа ќе продолжи да се спроведува со комбинираниот модел на наставата кој го оцени како успешен.

Претходна вестИ здружението на информатичари реагира со негодување на образовната реформа
Следна вестСообраќајна контрола во Сарај: 15 возачи немале дозвола, 7 имале нерегистрирани возила