Сообраќајна контрола во Сарај: 15 возачи немале дозвола, 7 имале нерегистрирани возила

На територијата на Сарај вчера сообраќајната полиција казнила вкупно 65 возачи.

Од вкупниот број изречени казни, 15 се за возење без возачка дозвола, 7 за технички неисправни и нерегистрирани возила и 9 казни за користење мобилен телефон.

Од почетокот на неделава, вкупно за вакви прекршоци казнети се 447 возачи.

Истиот период минатата недела (11, 12 и 13 јануари), полиција напишала 458 казни за сообраќајни прекршоци.

Претходна вестПо бојкотот од Сојузот на средношколци, најава за протест и од Независниот синдикат
Следна вестНикако да се навикнеме на маските – во еден ден казнети 368 граѓани