Отворени шахти долж булеварите „Илинден“ и „8 Септември“, нема решение за кражбите

Во текот на минатата ноќ на булеварите „Илинден“ и „8 Септември“ и на улица „Карпошово Востание“ во населбата Карпош украдени се капаци од шахти и решетки од сливници.

Случајот е документиран и пријавен во полиција, а од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје најавија нивна замена во најбрз можен рок, бидејќи огромните дупки кои зјаат се опасност за безбедноста и на пешаците и на велосипедистите и на возачите.

Отворените канализации и шахти без капаци не се реткост во главниот градот. Честопати се случува некој да пропадне во отворена шахта или да се заглави тркало од возило.

Најчеста причина за кражба е препродавањето како старо железо. Токму поради ова, пред повеќе години, на сила беше забрана за откуп на старо железо. Но под притисок на откупувачите, забраната беше укината и наместо тоа се воведоа нови мерки.

Тие предвидуваа откупувачот, на лицето кое го предало материјалот парите да му ги исплаќа на трансакциска сметка, бидејќи на тој начин ќе се има евиденција кој го предал и воедно ќе се спречат кражби од диви собирачи.

Од друга страна, мерката требаше да спречи и некои да го користат овој бизнис за заработка, а се на штета на граѓаните и на државата, додека се претставуваат како социјални случаи.

Но, ако се суди според бројот на ваквите кражби, мерката не ја постигнала целта. Зарем само за брусење шахти се целосно ревносни?

Претходна вестСобранието ќе зависи од заболени пратеници или од компромис на власта и опозицијата?
Следна вестВМРО-ДПМНЕ поднесе претставка до антикорупциска за фирма на советник од СДСМ во Град Скопје