Возачките и сообраќајните дозволи ќе бидат бесплатни за сите. Ваква одлука донесе Владата на последната седница. МВР ги регулира интерните акти за да може да се спроведе одлуката, а парично ќе ги награди и службениците кои прекувремено работеле на издавање документи.
За да се вратат во земјава, бесплатни патни листови ќе добијат нашинците од дијаспората кои останаа без пасоши со новото уставно име.
До овој момент ниту еден наш државјанин непријавил во Министерството, ниту во дипломатско-конзуларните претставништва проблеми при патување со патни листови, ниту со друг вид на документи со Република Северна Македонија. Потврдуваме дека дипломатско-конзуларни претставништва редовно се снабдуваат со нови количини на соодветни обрасци и нема застој во нивното издавање, стои во соопштението од МНР.
Оттаму ја информираат јавноста дека „до овој момент ниту еден наш државјанин не пријавил во Министерството, ниту во дипломатско-конзуларните претставништва проблеми при патување со патни листови, ниту со друг вид на документи со Република Северна Македонија“.
Дополнителниот заменик министер за внатрешни работи, Бојмацалиев на прес-конференција кажа дека службите во МВР ги изготвуваат сите интерни акти за да може да се спроведе одлуката а кои ќе бидат потпишани и од страна на дополнителник заменик министер, Бојмацалиев и министерот за внатрешни работи, Ташковски.
-Во оваа прилика би сакал да се заблагодарам на сите колеги кои работат во управните служби изминатиот период кои работат и во смени и за викенди и празници кои дадоа свој личен допринос за промена на патните исправи и на личните документи и на сите останати документи кои граѓаните требаше во изминатиот период да ги променат од Република Македонија, со новото име Република Северна Македонија и би сакал да ги информирам сите дека утре на своите сметки ќе добијат по една плата во висина на последната исплатена плата кои ги имале во МВР и исто така и тој акт е потпишан и од мене и од министерот, изјави дополнителниот заменик министер за внатрешни работи, Бојмацалиев.