Столе Димитриевски и Рајо останаа без тренер, доби отказ

Македонскиот голман, Столе Димитриевски и неговите колеги ќе добијат нов тренер во Рајо Валјекано откако клубот одлучи да се раздели со досегашниот предводник Франциско Родригез.

Родригез дојде на оваа функција минатото лето заменувајќи го Андони Ираола кој го прифати повикот од Англија и го презема прволигашот Борнмут.

Рајо имаше добар старт под негово водство, меѓутоа како што одминуваше времето клубот од Мадрид играше се полошо и полошо па по последниот пораз од Мајорка од 2-1 управата одлучи дека е време за промена.

Останува да се види кој ќе биде именуван за негов наследник, односно кој ќе биде лидер на тимот кој во моментов е на 14 место во Примера со 24 освоени бода.

Претходна вестЖена загина од лавина во ски-центар на косовската страна на Шар Планина
Следна вестОд денес бесплатна замена на возачките и сообраќајните дозволи