Жена загина од лавина во ски-центар на косовската страна на Шар Планина

Косовската полиција соопшти дека странска државјанка загинала во зимскиот туристички центар Брезовица, на косовската страна на Шар Планина.

Во соопштение за медиумите на косовската полиција се вели дека најверојатно една жена, за која се вели дека е странска државјанка, но не се наведува земјата на нејзиното потекло, загинала во ски-центарот во Брезовица, како последица на снежна лавина на местото наречено „Орловско гнездо“.

Портпаролот на полицијата за регионот на Урошевац, Канун Весели изјави за медиумите дека жртвата е жена на 54-годишна возраст, а потрагата по неа продолжува.

– На 13.02.2024 година околу 15:35 часот добивме информација дека едно лице се сомничи дека починало додека скијало во ски-центарот во Брезовица, на местото наречено „Орловско гнездо“. Се претпоставува дека причина за инцидентот е лизгање на снежна лавина. Полицијата и спасувачките екипи се таму и навреме ќе ве известиме за повеќе информации. Жртвата е жена, странска државјанка, на возраст од околу 54 години, се вели во изјавата на Весели за медиумите.

Претходна вестУчениците продолжуваат со наставата во ООУ Тодор Јанев во Чашка, тензиите стивнуваат, вели Здравковски
Следна вестСтоле Димитриевски и Рајо останаа без тренер, доби отказ