Од денес започнуваат јавните анкети за ДУП-овите Градска четврт ЦС 14 и Градска четврт ЦС 01 на Кале

Општина Центар ги информира жителите дека од денес (среда; 20.7.2022), започнува јавната анкета за два Детални урбанистчки планови – Градска четврт ЦС 14 – Кале и СРЦ Кале и Градска четврт ЦС 01-Француски гробишта, Тетовска трошарина и Парк 2.

Границата на планскиот опфат на Деталниот урбанистички план Градска четврт ЦС 14 – Кале и СРЦ Кале е дефинирана: на исток до оска на сервисната улица „С2“ (ул.„Самоилова“), на југ до оска на бул.„Гоце Делчев“, на запад до оска на река Вардар и на северозапад до оска на бул.„Свети Климент Охридски“, тунел С49-С50. Вкупната површина опфатена во рамките на опишаните граници изнесува 26,21 хектари.

Границата на планскиот опфат на Деталниот урбанистички план Градска четврт ЦС 01-Француски гробишта, Тетовска трошарина и Парк 2 е дефинирана: на југозапад од најсеверната точка 1 кон југоисток ги сече КП 7091/1, КП 462/1, КП 7090/1 и КП 460/1 КО Карпош, ја следи границата на КП 460/1 со КП 456/1, КП 458/1 и КП 459 КО Карпош од каде продолжува јужно сечејќи ги КП 7059/1 и КП 7060/2 КО Карпош, сѐ до точка 16 од каде продолжува кон југоисток и југ по оската на река Вардар сѐ до точката 44, на југоисток кон северозапад по оската на бул.„Свети Климент Охридски“ „Г“ С.50 кон С.10 сечејќи ги КП 13677/1, КП 5513/1, КП 5513/3, КП13730/2, КП 5530/1, КП 5530/5, КП 13729/1, КП 5071/1, КП 5054, КП 5055, КП 5064, КП 13678/8, КП 13678/1, КП 4367/1, КП 5045/2, КП 5045/1, КП 5044, КП 5043, КП 4367/9, КП 4367/1, КП 4368, КП 4367/8, КП 4354, КП 4355/1, КП 4345, КП 4344, КП 4343, КП 4486/1 и КП 13679 КО Центар 1, сѐ до најисточната точка 56, на североисток и север кон северозапад по оската на бул. „Никола Карев“ „В“ В.04-В.05 сечејќи ја КП 13679 КО Центар 1 и КП 7091/3 и 7091/1 КО Карпош, сѐ до почетната точка 1. Вкупната површина опфатена во рамките на опишаните граници на овој план изнесува 52,42 хектари.

Предлог-Деталните урбанистички планови ќе бидат изложени во читалната „Славко Јаневски“ на улица „Димитрие Чуповски“ бр.23, секој работен ден од 8:00 до 16:00 часот од 20.07.2022 до 16.09.2022 година. Во овој временски интервал граѓаните до Одделението за планирање во Општина Центар ќе можат да поднесуваат анкетни листови со забелешки и предлози во врска со предложените планови.

Поради летниот период, за завршување на јавната анкета е даден рок од 40 работни дена, во кој граѓаните ќе можат да ги доставуваат анкетните листови.

Претходна вестИран ја поддржа руската инвазија на Украина
Следна вестСДСМ бара МВР да го расчисти случајот со палењето на автомобилот на пратеникот Ристески