СДСМ бара МВР да го расчисти случајот со палењето на автомобилот на пратеникот Ристески

Осуда на палењето на автомобилот на пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Петар Ристески и  повик до МВР да го расчистат случајот, упати денеска СДСМ.

-МВР и сите надлежни институции ги повикуваме и очекуваме целосно да го расчистат случајот со опожареното возило на пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Ристески, сторителите да бидат пронајдени и санкционирани согласно законите, соопшти владеачката партија.

Од партијата велат дека го осудуваат овој криминален чин и повикаа на одговорност, а очекуваат јавноста детално да биде инфрормирана за причините, мотивите како и за сторителите.

-Доколку во ВМРО-ДПМНЕ имаат внатрешни проблеми не е начин неосновано да се обвинува било кој. Обидите за манипулација и покажувањето со прст кон некој друг, само за дневно-политички цели, е свесна злоупотреба на случајот, а можеби и свесно погрешно наведување, се потенцира во обраќањето.

Претходна вестОд денес започнуваат јавните анкети за ДУП-овите Градска четврт ЦС 14 и Градска четврт ЦС 01 на Кале
Следна вестСе санираат плочките кај споменикот на Гоце Делчев, ќе дојде ли на ред чистењето на чкртаниците?