Се санираат плочките кај споменикот на Гоце Делчев, ќе дојде ли на ред чистењето на чкртаниците?

Екипите на ЈП „Улици и патишта“ во текот на изминативе неколку дена вршат санација на плочникот кај споменикот Гоце Делчев и на платото пред фонтаната во Градскиот парк, информира денеска Градот Скопје

Санирањето опфаќа замена на оштетените плочи околу постаментот на споменикот, санација на скалите, а во тек е и замена на оштетените плочи околу фонтаната „Лотосов Цвет”, како и целосно средување на оштетените делови од плочникот.

-Активностите за санација на плочникот во овој дел од Градскиот парк продолжуваат и во наредниве денови, се наведува во информацијата до јавноста.

Добро е, навистина, што на градските власти им текна дека е време да се санираа полочникот кој долго време беше оштетен. За жал, сето тоа е последица од неодговорниот однос на граѓаните. Но, исто така, би било добро сегашната акција и санација да се продолжи и да го опфати чистењето на смаиот споменик на македонскиот револуционер. И тој долго време стои ишаран со разни чкртаници од несовесните граѓани. Од време на време, некои граѓани и подмладоци на политички партии ќе иницираат чистење, но сето тоа е со кус век. Оттаму, нешто трајно треба да се смени во грижата за споменикот на најголемиот македонски револуционер…

Претходна вестСДСМ бара МВР да го расчисти случајот со палењето на автомобилот на пратеникот Ристески
Следна вестВозач на автобус нападна патник, МВР го потврди инцидентот, ЈСП го суспендира