Темен режим Режим на светлина

Се повеќе новозаразаени: Нови 792 заболени од Ковид – 19, двајца починати

Нови 792 случаи на Ковид-19 од кои 203 реинфекции и 317 оздравени пациенти се регистрирани во последните 24 часа, соопшти Министерството за здравство. Во изминатите 24 часа се направени и 1.774 тестови.

Од новите 792 случаја, во Скопје се 370, Битола – 62, Кавадарци – 41, Куманово – 39, Велес – 32, Прилеп – 31, Тетово – 29, Охрид – 27, Кичево – 22, Струмица – 18, Гостивар и Свети Николе – по 14, Штип и Гевлелија – 13, Неготино – 11, Кочани и Крива Паланка – по 9, Ресен – 8, Радовиш – 6, Струга и Дебар – по 5, Демир Хисар – 3, Делчево, Берово, Валандово и Крушево – по 2, Багданци, Кратово и Македонски Брод – по 1.

Од  оздравените, од Скопје се 171 пациент, Битола – 27, Куманово – 18, Прилеп – 15, Тетово – 12, Кавадарци и Велес – по 9, Охрид – 8, Гостивар – 7, Кочани – 6, Неготино и Крива Паланка – по 5, Гевгелија – 4, Струмица, Штип и Радовиш – по 3, Кичево, Ресен, Делчево и Валандово – по 2, Свети Николе, Крушево, Пробиштип и Демир Капија – по 1.

-Согласно регистарот на умрени лица со дијагноза Ковид-19 од Мој Термин, регистрирани се две починати лица од Скопје (79г) и Гостивар (75г).  Двајцата се починати  во домашни услови. Лицата се пријавени за починати во период од 14.07.2022 -18.07.2022  година, се наведува во соопштението.

Вкупната бројка на Ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 320.598, бројот на оздравени пациенти е 307.658, на починати е 9.345, а бројот на активни случаи изнесува 3.595

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Уапсен потпалувачот на возилото на пратеникот Ристески од Прилеп

Следна објава

Реакција на македонските лингвисти: Ги отфрламе сите ограничувања на македонските дијалекти, наведеното во Унилатералната изјава е грубо фалсификување на лингвистичките факти