Времето денеска во Македонија ќе биде сончево и многу топло со слаб до умерен ветер од северен правец, кој долж Повардарието повремено ќе засилува. Утринската температура ќе се движи од 9 до 19, а дневната ќе достигне до 40 степени. УВ ќе изнесува 9.
Во Скопје, сончево и многу топло со слаб до умерен ветер од северен правец. Утринската температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне до 38 степени.
Високите температури, односно портокалова фаза, се причина што Владата на вчерашната седница донесе препораки за ослободување од работа на бремените жени и хронично болните лица. Владата побара и од работодавците да ги почитуваат законските обврски во насока на одредени технолошки и производни процеси кои претставуваат дополнителен ризик за здравјето на работниците. Истовремено, Министерството за труд и социјална политика апелира на зголемени контроли од страна на надлежниот Државен инспекторат за труд.
Препораки се донесени и за работата на градинките. Се однесуваат на физичката активност на децата и се препорачува тие да излегуваат надвор од 11 до 17 часот.
Црвениот крст на Град Скопје, пак, најавува дека 30 обучени волонтери ќе патролираат на најфрекфентните локации во градот. Ќе делат шишиња вода, а по потреба ќе вршат и мерење на крвиот притисок на сите оние кои ќе се пожалат на здравствени проблеми
Според УХМР, под влијание на топол бран од утре следува период на многу топло време со високи температури кои ќе бидат над просекот и на целата територија ќе биде активирано портокалово ниво на опасност од високи температури. Во недела кон крајот на денот ќе има изолирана појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи.




