Темен режим Режим на светлина

Ново опожарување во Прилеп: Изгоре и автомобилот на раководителката на општинскиот сектор за урбанизам

Нов случај на опожарување на автомобил ноќеска имаше во Прилеп. Два часа по полноќ пожар избувна во семејното возило на Васе Никоска, раководителка на Сектор за урбанизам, комунални работи и заштита на животната средина во Општина Прилеп. Во краткиот телефонски разговор за Канал 77, Никоска потврди дека возилото од марка „пежо“, паркирано пред куќата, е запалено ноќеска околу 2 часот. Прва забележала ќерката, а потоа и сопругот на Никоска.

– Ова е порака. Повеќе од материјалната штета е стравот и стресот што го преживуваме, изјави Никоска.

Таа вели дека не знае кој може да го предизвикал пожарот. Не знае ниту кому му се има замерено.

Неодамна беше опожарено возилот на пратеникот Петар Ристески од Прилеп

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Се разбудија надежите за пронаоѓањето на Мартин, во Катерини најден црн шорц сличен на неговиот

Следна објава

Арсовска ќе формира Агенција за обезбедување за потребите на Град Скопје