Темен режим Режим на светлина

Се разбудија надежите за пронаоѓањето на Мартин, во Катерини најден црн шорц сличен на неговиот

Се разбудија надежите за пронаоѓањето на Мартин Јовановски кој пред 13 дена исчезна во морето кај грчкот летувалиште Посиди на Халкидики. На плажата во Катерини вчера беше откриен црн шорц сличен на оној кој Мартин го носи на последната негова фотографија, направен на денот на исчезнувањето, 9 јули. Граѓанин кога ги видел шорцевите, заплеткани меѓу алги на плажата Катерини направил само фотографија од нив по што ја испратил до спасувачите од ОФКАТХ. Тој не го задржал шорцот. Спасувачите од ОФКАТХ вчерашниот ден го поминаа во потрага по изгубениот шорц за капење, но не го пронајдоа, зошто веројатно брановите го одвлекле понатаму.

-Човекот ми ја испрати фотографијата со костим за капење меѓу алги, но за жал не ги задржал. Пристигнавме на самото место и со помош на спасувачкиот тим Пиерија – ДОП, кој ни го даде чамецот, ја пребаравме областа до делтата Аксиос, но залудно, изјави Христор Рамос, шеф на спасувачката служба ОФКАТХ.

И мајката на Мартин изјавила дека шорцот личи на костимот за капење што го носел Мартин.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Растот на новозаразените од Ковид-19 не запира, денеска заседава Комисијата за заразни болести

Следна објава

Ново опожарување во Прилеп: Изгоре и автомобилот на раководителката на општинскиот сектор за урбанизам