Темен режим Режим на светлина

Арсовска ќе формира Агенција за обезбедување за потребите на Град Скопје

Своја посебна агенција за обезбедување ќе формира Градот Скопје и во која ќе бидат вработени околу 100 лица. Ваков предлог до Советот на Град Скопје испратила скопската градоначалничка Данела Арсовска а кој треба да се разгледа на седницата закажана за 25 јули. Предлогот е да се формира Друштво со ограничена одговорност на едно лице (ДООЕЛ) за обезбедување на објекти под надлежност на Град Скопје. Основачки влог ќе изнесува 5.000 евра.

Намерата е ова агенција да врши приватно обезбедување на средните училишта и културните институции под надлежност на Град Скопје. По доаѓањето на власт минатата година Арсовска склучи договор за обезбедување на овие објекти со компанијата СГС во вредност од 160.000 евра.

На подрачјето на градот има вкупно 23 средни училишта и околу триесетина културни објекти.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Ново опожарување во Прилеп: Изгоре и автомобилот на раководителката на општинскиот сектор за урбанизам

Следна објава

Маричиќ: Нема потреба од референдум, скринигот ќе заврши до ноември 2023 година