Се забранува изборот на огревно дрво, палети, пченица и брашно, а се укинува царината за увоз на масло за јадење до крајот на годинава, реши Владата на својата сендица по предлог на Министерството за економија.
-Овие одлуки се донесени со цел со цел се избегнат шпекулативни дејствија на трговците и производителите и за заштита на домашното производство, домашниот пазар и граѓаните и да се одржува снабдувањето на домашниот пазар од растот на цените, соопшти министерот за економија Крешник Бектеши.
Ограничувањето на извозот на пченица и брашно, објаснуваат од Министерството за економија, е со цел да се спречат сериозни нарушувања на пазарот каде се јавува сериозен недостиг со оглед на кризата предизвикана од војната во Украина.
Кога станува збор за забраната за избор на огревно и дрво и палети, оттаму посочуваат дека на ваков чекор се решиле за да се избегнат последиците предизвикани од зголемената побарувачка на населението за огревно дрво поради енергетската криза на светскиот пазар. Иста одлука од неодамна донесоа и владите во Србија, Босна и Херцеговина и Црна гора.
Укинувањето на царината за увоз на масло за јадење, пак, според Министерството, е со цел да се одржува снабдувањето на домашниот пазар од растот на цените. Ова практично е враќање на мерката со оглед дека увозните давачи претходно веќе беа укинати, но мерката престана да важи по 31 мај 2020 година.



