Четири месеци затвор е казна што му е изречена на Јусиф Енузи – Кока за инцидент со пукање од пиштол за време на протестите на граѓаните против францускиот предлог во Скопје. Ова денеска го објави ТВ21 повикувајќи се на информациите добиени од членовите на неговото семејство.
Енузи беше приведен на 6 јули за инцидентот на плоштадот „Скендербег“, каде со пиштол марка Волтер модел Р 99 со калибар 9х19 мм, кој го поседувал со дозвола, предизвикал значителна опасност за животот или телото на луѓето. Тој бил дел од поголемата група на лица кои ја нападнале протестната колона на граѓани при што вперувал пиштол кон граѓаните а во еден момент испукал и истрел во воздух. По инциденто тој беше проведен од страна на полицијата.
Претходно, тој беше во притвор 8 дена, додека против него беше поднесена кривична пријава за сторено кривично дело “предизвикување општа опасност” предвидено и казниво по чл.288 од Кривичниот законик.
Во моментов, тој е во домашен притвор се до стапување на правосилноста на првостепената одлука.



