Во 2023 година од државниот Буџет се исплатени повеќе средства за домашните отколку за странските инвеститори во Македонија. Соодносот е околу 55:45 во полза на македонските компании, тврдат од власта.
-Со тоа за прв пат домашните инвеститори ја добиваат вистинската и, секако, реално заслужената предност, изјави Јован Деспотовски, директор на Дирекцијата за ТИРЗ на гостувањето на телевизиска емисија.
Директор се осврна и на странските инвестиции во земјава и регионот.
-Во последните две години државата постигна највисоко ниво на странски инвестиции во историјата. Притоа и членството во НАТО игра значајна улога бидејќи, според податоците на НБРМ, само во периодот 2021 – 2023 година по основ на надворешни инвестиции регистрирани се близу две милијарди евра, посочи Деспотовски.